ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023 ГОДИНА

октомври 11, 2022
1 min read

Согласно одредбите од Законот за Локалната самоуправа и Законот за Буџет, Општина Кочани организира Јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2023 година.

Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со Закон.

Јавната расправа ќе се одржи на 17.10.2022 година, во 19 часот, во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани.

Општина  Кочани