Општина Кочани објави јавен повик за прибирање предлози од граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со предлог-идеи и проекти да се вклучат во креирање на програмите на Општина Кочани за 2023 година.
Според повикот, ќе бидат поддржани проекти од култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, млади, меѓународна соработка, комунални работи, локален економски развој, урбанистичко планирање, животна средина и други области од надлежност на општината.
Распределбата на средствата од Буџетот за 2023 година наменети за финансирање на проекти и активности, Општина Кочани ќе го врши врз основа на критериуми и приоротети. Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на 2023 година.
Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www info@kocani.gov.mk.
Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: info@kocani.gov.mk (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти за развојни програми од делот на инфраструктурата ,комунални работи,урбанистичко планирање и сл), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 18-ти октомври 2022 година.додека за предлози од областа на спортот,културата,социјалната заштита и сл. најдоцна до 20-ти ноември 2022 година.
Општина Кочани