НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ ДОДЕЛЕНИ НАЈВИСОКИТЕ ОПШТИНСКИ НАГРАДИ

септември 7, 2023
1 минути

Денеска, 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кочани во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани.

На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов имаше свое обраќање во кое беа истакнати постигнувањата во изминатиот период помеѓу двата празника, а беа доделени и највисоките општински награди за животно дело и наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани.

Според одлуката на одборот за доделување награди на Општина Кочани, наградата за животно дело постхумно е доделена на Александар Сане Гицов, архитект кој остави значаен белег во Кочани со неговите стручни и уметнички способности по кои градот Кочани е препознатлив.

Во знак на признание за придонесот во развојот на Општина Кочани, наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани се додели на Ротари клубот Кочани-Виница во кој членуваат 25 истакнати граѓани од Кочани и од Виница и имаат мисија да шират добра волја и помош за секого кому е потребна, со учество во многу проекти, донации и акции.