Во присуство на околу 60 жени од целиот регион претставници на различни сектори, под модераторство на Ирена Мирчовска – Локален координатор на Национална платформа за женско претприемништво за Источен регион, денеска во Кочани се одржа Регионалниот форум за женско претприемништво за Источен регион на тема „Можности и пристап до фондови – битен фактор за женско претприемништво“.
Форумот го отвори Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов а свое излагање умаше и Валентина Дисоска, Претседател на Националната платформата за женско претприемништво.
На панел дискусијата на темата зборуваа Зујица Ангелова – Директор на ЦРИПР, Јанка Димитрова – професор на Универзитет Гоце Делчев, Александра Кирилова – Директор на Прогресив Академија од Виница и Биљана Митева – жена претприемач од Кочани.
На форумот беа донесени заклучоци и препораки за понатамошни активности на тема женско претприемништво