ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО КОЧАНИ ДОБИ НОВ АСФАЛТЕН СЛОЈ

октомври 18, 2024
0 минути

Дел од улицата „АСНОМ“, во централното градско подрачје на Кочани, доби нов асфалтен слој.

Стручните служби информираат дека поправен е потег којшто беше во лоша состојба, во должина од 64 м.

Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани.

Средствата во износ од 300.000 денари се од Буџетот на Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ