А ЃУБРЕТО НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР КОГА ЌЕ БИДЕ ИСЧИСТЕНО?

март 5, 2025
0 минути

Реакциите од граѓаните на Општина Кочани кога е во прашање собирањето на сметот не стивнуваат. Ново известување за нова локација.

„Кога се фалат Директорот и Градоначалникот со акции чистење на депонии нека погледнат пред се околу нив дали е исчистено. Ова се слики од денеска од градскиот пазар. Ваквите грди слики се секојдневие овде. Насекаде расфрлано ѓубре, отпадоци од храна и амбалажа. Преполн контењер и расфрлано ѓубре околу контењерите затоа што не се собира редовно туку еднаш во месецот. Нека се запраша Директорот во какви услови се продава храна на пазарот? Ова ли се услови во кои треба ние граѓаните да купуваме храна која се продава во центарот на градот во депонија? Дали има во неговите планови за работа некогаш да ги заметат овие улици или за тоа ќе чекаме да дојдат избори?  Бараме и комуналните инспектори да излезат на терен и да почнат да си ја вршат работата, а комуналното претпријатие редовно да го собира сметот и редовно да ги мете улиците за кои се платени од граѓаните. Ова е само мал дел од ѓубрето низ Кочани, од најчист град го претворивте во балканска престолнина на депониите. Подобро да сработите отколку да се фалите, ние граѓаните сами ќе видиме дека е чисто не мора да се фалите“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ