ЗАВРШЕН ТУРНИР „ДЕТСКА ЛИГА – ИСТОЧЕН РЕГИОН“ ГЕНЕРАЦИЈА 2011/2012 И 2013/2014

Во Спорт
мај 18, 2024
1 минути

Во организација на Општинскиот Фудбалски Сокуз – Кочани, денес на фудбалскиот терен во Чешиново се одиграа натпреварите од Завршниот турнир во „Детска лига – Источен регион“ на кој учествуваа генерациите 2011/2012 и 2013/2014 година.

Во генерација 2011 за Завршниот турнир се пласираа:

„Атлетико 2021“ (Теранци), „Фудбал Старс“ (Кочани), „Слога 1934“ (Виница) и „Академија Саса“ (Македонска Каменица)

Во генерација 2013 пласман во Завршниот турнир обезбедија екипите:

„Атлетико 2021“ (Теранци), „Фудбал Старс“ (Кочани), „Слога 1934“ (Виница) и „Малеш“ (Берово).

Резултати и пласман.

ГЕНЕРАЦИЈА  2011/2012

„Атлетико 2021“ – „Академија Саса“  6:0 (3:0)

„Слога 1934“ – „Фудбал Старс“  1:6 (0:1)

За 3-то место: „Академија Саса“ – „Слога 1934“  1:6 (0:4)

За прво место: „Атлетико 2021“ – „Фудбал Старс“  5:3 (3:1)

ГЕНЕРАЦИЈА  2013/2014

„Слога 1934“ – „Малеш“  0:2 (0:0)

„Атлетико 2021“ – „Фудбал Старс“  2:4 (1:2)

За 3-то место:  „Атлетико 2021“ – „Слога 1934“  6:0 (3:0)

За Прво место: „Малеш“ – „Фудбал Старс“ 0:0 (0:0) – 5:4 пенали

Пласман на Завршниот турнир на Македонија што ќе се одржи во Скопје во организација на ФФМ обезбедија: „Атлетико 2021“ (2011/2012),  „Фудбал Старс“ (2011/2012),  „Малеш“ (2013/2014) и „Фудбал Старс“ (2013/2014).

ОФС Кочани одлично го организираше  Завршниот турнир во Чешиново.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ