Комуналните служби на Општина Кочани деновиве ги озеленуваат јавните површини. Се садат култивирани садници од јасен, црвена слива, платан, индиски јоргован, аризонски чемпрес и макрокарпа.
Нови садници има на улицата „Тодосија Паунов“, кај ОУ „Малина Попиванова“ и на разделното зеленило; на „Димитар Влахов“ и „Бел камен“, како и на западната страна на ридот Локубија.
Зимзелените садници се засадени на места каде што неодамна се чистеа малите депонии.
Озеленувањето на јавните површини ќе продолжи и наредниов период.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ