Денешната прошетка кон Гратче беше пријатна се додека не се наиде на куп смет кој тешко дека во некој камион за смет на КЈП „Водовод“ ќе може да го собере. За ова е потребен трактор бидејќи до контејнерот освен вреќи со смет има и вреќи со шут (цврст материјал), стари фотелји поточно има и фрлен материјал кој доколку камионот за смет го товари може да се оштети.
Во целата ова приказна е дали никој не го видел оној што од градот отишол на патниот правец кон Гратче и го исфрлил сиот овој шут. Дека некој го видел тоа е сигурно, но сигурно е дека не сакал да направи фотографија само од причина што го мрзело да го употреби сопствениот мобилен телефон.
За фрлениот смет кој изгледа грубо меѓу зелената природа виновен и тој што исфрлил сметот а и тој што не сакал да го фотографира од причина да не се замери.
КЈП „Водовод“ уште пред повеќе од десет години издаде соопштение дека сите оние кои имаат потреба од фрлање на шут или некој друг тврд материјал доволно е да се јават во комуналното претпријатие да ја кажат адресата а тие со трактор ќе отидат и бесплатно ќе го соберат и ќе го фрлат сметот на депонијата.
За жал има уште народ (ако така може да се наречат ваквите) кој и кога чита ништо не разбере а и кога слуша се прави на глув.
Така ако се продолжи самите ќе се уништиме.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ