АКТИВИСТИТЕ ОД САПОРТ КОЧАНИ НА ПРИЕМ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГОРДАНА СИЉАНОСКА ДАВКОВА

мај 7, 2025
0 минути

Денес остваривме средба со претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска

Сакаме да изразиме огромна благодарност до претседателката за поканата, продуктивната дискусија, емпатијата, и решителноста за спроведување на конкретни проекти и идеји, со цел Кочани да закрепне и да стане подобро место за сите граѓани!

„Младите од Кочани презентираа бројни идеи, планови и проекти за враќање на животот во нивниот роден град и запирање на иселувањето и манифестираа решеност заедно да направат сè што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и да се тргне напред! Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба, а верувам дека закрепнувањето ќе биде полесно ако сме заедно, оти нема човек што не е засегнат од трагедијата.”

„Изразив подготвеност за покровителство и соучество во проекти, мерки и акции од значење за градот. Го потврдив и ветувањето за доделување одликувања и признанија на најзаслужните и најпосветените во кочанската нерамноправна битка меѓу животот и смртта, како непресушен извор и инспирација на храброст и хуманизам. Рече по средбата Претседателката Сиљаноска Давкова.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ