АЛЕКСАНДАР АНДОВ НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА А РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Во Спорт
март 19, 2024
0 минути

Како што објави ФФМ на нејзината страна, Александар Андов е назначен за селектор на Македонската женска А репрезентација.

Андов доаѓа на местото на долгогодишниот селектор Кирил Изов чиј помошник беше изминатите години.

Својот деби натпревар како селектор Андов ќе го има  во новиот начин на квалификации за Европското првенство кои ќе се играат според моделот на Лигата на нациите,  на пети Април Македонија ќе и гостува на Летонија додека на десетти април Македонија ја пречекува репрезентацијата на Словенија.

Инаку Александар Андов моментно е прв човек на ФК „Осогово“ на ОФС – Кочани и На Трета Фудбалска Лига – исток.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ