Амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата се разговараше за лекувањето и поддршката на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, за актуелната состојба во Кочани по трагичниот настан, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на интересот за австриски инвестиции во регионот и потенцијалите што ги нуди општината во повеќе области.

Градоначалникот Грозданов го информираше амбасадорот Памер за активностите што ги презема локалната самоуправа во насока на справување со последиците од несреќата, како и за тековните и планираните развојни проекти. Притоа беше истакната важноста од меѓународната поддршка и солидарност во процесот на закрепнување на заедницата.

Во рамките на престојот во Кочани, амбасадорот Памер ги посети ОУ „Раде Кратовче“, Територијална противпожарна единица Кочани и Геотерма, каде што се запозна со условите за работа, капацитетите и можностите за понатамошна соработка.

Општина Кочани\
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
