ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ – Д-Р ЛАЗО МИТЕВ ПРЕТСЕДАВАЧ

ноември 12, 2021
1 минути

Советот на Општина Кочани денеска ја одржа првата конститутивна седница, на која беа верификувани мандатите на деветнаесетте нови членови, а за претседател, со десет гласа „за“, беше избран Лазо Митев.

„Ви посакувам успешна работа и очекувам при донесувањето на одлуките да се раководите од јавниот интерес, а не од личните и партиските интереси“ истакна во своето прво обраќање претседателот Митев.

На првата седница, по предлог на Комисијата за мандатни прашања, беа формирани 11 комисии: Комисија за комунални работи, планирање, уредување на просторот и заштита на животната средина и на природата; за култура, образование, спорт и права на децата; за месна самоуправа и граѓански иницијативи; за здравство и социјална заштита; за статут и прописи; за прекугранична соработка; за финансии, буџет и локален економски развој; за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита и за еднакви можности на жените и мажите.

Следната седница на Советот е закажана за в понеделник, 14 ноември 2021 г., кога на дневен ред ќе се најде и ребалас на Буџетот на Општина Кочани.

Општина  Кочани