АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА МИХАЛИС РОКАС ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

ноември 27, 2025
0 минути

Амбасадорот на Европската Унија Н. Е. Михалис Рокас и тимот од Делегацијата на ЕУ денеска ја посетија Општина Кочани при што остварија одделни средби со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и со Советот на Општина Кочани.

На средбата со градоначалникот Грозданов разговараа за моменталната состојба во Општината по преземањето на функцијата, како и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните близу девет месеци по трагичниот настан. Градоначалникот и општинската администрација ги презентираа потребите за развој на градот, со акцент на главните приоритети на Општината во следниот период.

Амбасадорот Рокас ја истакна подготвеноста за натамошната соработка за заздравување на Кочани, со поддршка во повеќе сегменти и идни проекти во Општина Кочани.

Ооштина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ