АПЕЛ: СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДУЌАНИТЕ ДА СИ ГО ИСЧИСТАТ СНЕГОТ ПРЕД ОБЈЕКТИ

декември 13, 2021
0 минути

И покрај снегот кој вчеравечер го зафати кочанскиот регион и непрекинато вее, главните сообраќајници во градот се проодни и сообраќајот се одвива непречено.

Од КЈП „Водовод“ – Кочани известуваат дека будно ја следат ситуацијата со временската прогноза и имаат постојани дежурни и активни екипи. За расчистување на патиштата при вакви зимски услови располагаат со соодветна механизација, а располагаат и со голема количина сол.

Исто така упатуваат апел и потсетување за сопствениците на дуќаните да се придржуваат кон законската обврска за чистење на снегот пред сопствените објекти, бидејќи со Законот за јавна чистота се пропишува дека во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици на објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Општина Кочани