Во организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка од Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење за пионери У-15.
Борачите на Спартак“ од Кочани освоија еден златен медал во женска конкуренција и четири бронзени во машка конкуренција.

Златниот медал во женска конкуренција го освои Атанасија Гушкова во категоријата до 46 килограми додека на бронзените медали во машка конкуренција носители се:
Давид Златков во категорија до 41 килограми;
Никола Пешев во категорија до 44 килограми;
Мартин Цветков во категорија до 57 килограми;

Џејсон Ѓорѓиев во категорија 62 килограми
Тренер на екипата Иван јанев а судии на душекот од Кочани беа Игор Христов и Гоце Ангелов.

С..Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
