СТОЛЕ ТОШЕВ ИМЕНУВАН ЗА В.Д. СЕКРЕТАР ПРИ ОФС КОЧАНИ

Во Спорт
февруари 13, 2022
0 минути

Непосредно по Новогодишните празници а во пресрет на зимскиот преоден рок за фудбалери, Столе Тошев беше именуван за в.д. секретар при ОФС Кочани.

Тошев и е познат на фудбалската јавност не само во Кочани туку и пошироко. Долги години ја делеше фудбалската правда на зелениот терен било како главен судија или како помошник, а од пред осум години ја формираше фудбалската школа „Академија Младост Тошев“ од Оризари.

Инаку Тошев е доста посветен на работата која во моментот ја извршува во ОФС Кочани, иако добро ги познава фудбалските правила, секој ден чита, учи и сака уште повеќе да научи.

Со неговата чесност и посветеност во работата ОФС Кочани доби голем спортски работник.

С. Ивановски