Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ „Климент Охридски“ – Облешево и свештениците од МПЦ
Со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата се пренесе порака за мир и соживот во Христијанскиот свет. Денес во предвечерието на Најторжествениот и Најрадосен празник на православните верници -Христовото раѓање, да шириме пораки за љубов добрина и хуманост како темелни вредности на животот.
Градоначалникот на општината Далибор Ангелов и директорот на училиштето Јорданчо Костадинов им посакаа искрени честитки за многу здравје среќа и топлина во душите на сите жители на општината и сите православни верници, а дечињата градоначалникот ги почести со пригодни подароци.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ