УТРЕ (САБОТА) – ФЕСТИВАЛ НА ЈАПОНСКАТА КУЛТУРА ВО МКЦ

мај 31, 2024
1 минути

На 1 јуни, сабота во Младинскиот културен центар ќе се одржи фестивалот за јапонска култура Сакура фестивал – како македонски заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија и по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи.

Фестивалот започнува во 11 часот со свечено отварање на кое пригиден говор ќе одржат Амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и директорката на Директорат за билатерални односи со воневропски држави/ МНР. На отоворањето, амбасадорот ќе одржи и мал концерт на класична гитара.

Фестивалот има богата програма која вклучува случувања од сите аспекти на културата, поп-културата и субкултурните текови. Од организацијата Јапанетмк кажуваат: „Листата е долга и исполнета со звучни имиња. Имаме три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инсириран од јапонски буто танц, три панел дискусии (за јапонска култура и природа, архитектура и филм), претставување на 5 јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, 4 натпревари во гејминг, 4 модни дизајнери, два ресторани со јапонска храна и над 15 излагачи на базар за изработки, аниме квиз, косплеј презентација,  и мануелно принтање во живо.“ Деталната програма може да се погледне на сајтот и социјалните мрежи на организацијата japan.net.mk

Овој фестивал е создаден со вклучување на заедницата и голем број млади луѓе, заедничко помагање и соработка на поединци, кои ја сакаат јапонската култура и имаат заедничка цел да ја унапредат нашата.

Слоганот на ова издание на фестивалот „Расцути ја иднината“ – поврзано и со самото име на фестивалот Сакура (црешов цвет) -повикува кон градење на поодржлива иднина за сите, за која треба да почнеме да работиме уште веднаш. Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи: „немој да го трошиш она што е вредно“.

Од организацијата ги повикуваат сите кои ја сакаат оваа древна, но модерна култура, ја ценат општествената одговорност, се борат за повозвишена општа култура и сакаат иднина во склад со природата да го посетат утрешниот фестивал и да ја прослават убавината заедно.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ