Во организација на Карате Клубот „Олимпик“ а со техничка помош на Карате Федерацијата на Македонија денес се одржа првиот Меѓународен карате турнир „Олимпик опен 2023“.
Во конкуренција на околу 900 натпреварувачи од 12 држави Карате клуб „Кочани“ учествуваше со 6 натпреварувачи кои на крајот освоија пет медали од кои две во категоријата „кати“ и три во категоријата „борби“.
Јоана Стојчева во категоријата „кати“ родени 2016 и помлади го освои сребрениот медал, додека Алексиа Ѓоргиева во истата категорија, родени 2016 и помлади го освои бронзениот медал.
Во категоријата „борби“ беше освоен еден златен медал и две бронзи.
Илина Костадинова, категорија родени 2013 до 35 килограми го освои златниот медал. Наталија Карова – јуниорки до 48 килограми го освои бронзениот медал а медалот со исти сјај како на Карова го освои и Илија Охомуш – јуниори до 76 килограми.
„Организацијата на турнирот беше солидна. Задоволен сум од настапите на сите претставници од нашиот клуб. Медалите можеа да бидат и со поинаков сјај но и овие што ги освоивме се плод на една добра работа“ изјави Игор Каров – тренер на Карате Клуб „Кочани“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ