БОРАЧОТ НА „СПАРТАК“ РАСУЛ ШАПИЕВ, ДЖАВЕН ШАМПИОН

Во Спорт
февруари 14, 2026
0 минути

Во организација на Боречкиот Клуб „Балканец“ од Штип а со техничка поддршка на Боречката Федерација на Македонија, денес во Штип во салата „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство на Македонија во борење, сениорска конкуренција.

Екипата на „Спартак“ на ова првенство броеше тројца борачи кои по завршувањето на натпреварите освоија едно прво, едно трето и едно петто место.

Расул Шапиев во категоријата 79 килограми го освои првото место и се закити со титулата „Државен шампион во сениорска конкуренција за 2026 година“.

Илчо Веселинов во категоријата до 86 килограми го освои третото место, додека Андреј Мишев во категоријата до 86 килограми стана петти.

Екипата на „Спартак“ ја предводеше тренерот Зоран Сребренов а Гоце Ангелов и Игор Христов беа судии на душекот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ