ЕДИНАЕСЕТ МЕДАЛИ ЗА КОЧАНСКИТЕ ОСНОВЦИ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ

Во Спорт
март 29, 2024
0 минути

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Боречката Федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Општина Кочани, Кочани денес во „градот на оризот“ се одржа  „Државното првенство во борење за основните училишта во машка и женска конкуренција“.

Гледачите кои добро ги исполнија трибината во спортската сала на ООУ „Никола Карев“ во Кочани имаа можност да проследат интересни и преди се неизвесни натпревари.

Учениците одс основните училишта во Кочани првенството го завршија со 11 освоени медали од кои 4 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.

Најмногу медали 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени освоија учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на проф. Иван Јанев, со што се победници на Државно првенство.

Златни медали освоија:

Едис Билалов (41 кгр) – ООУ „Никола Карев“

Славица Митева (46 кгр) – ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Јован Илиев (48 кгр) – ОУ „Малина Попиванова“

Филип Ангелов (85 кгр) – ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Со сребро се закитија:

Христијан Илијев (41 кгр) – ОУ „Малина Попиванова“

Стојана Митева (54 кгр) – ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Даријан Павлев (62 кгр) – ООУ „Никола Карев“

Адријан Коцев (85 кгр) – ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Бронзени медали им беа доделени на:

Атанасија Гушкова (39 кгр) – ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Христина Галачева (46 кгр) – ОУ „Св. Кирил и Методиј’

Мартин Цветков (48 кгр) – ООУ „Никола Карев“

Учесниците на првенството ги поздрави Александар Андов – Директор во ООУ „Никола Карев“, Дејан Богданов – Претседател на Боречката Федерација на Македонија, Алексадар Туфекџиевски – Претседател на Федерацијата ма училишен спорт на Македонија и Љупчо Папазов – Градоначалник на Општина Кочани кој воедно првенството го прогласи за отворено.

Одличен организатор на целиот настан беше Сојузот на училишен спорт на Општина Кочани предводен од  Претседателот Оливер Јовановски.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ