Вечерва во хотел „Атлас“ во Прилеп, во организација на Боречката Федерација на Македонија А СО ТЕХНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА Боречкиот Клуб „7-ми Мај“ од Прилеп беа прогласени најуспешните во борењето во 2023 година.
Борачите на „Спартак“ се закитија со четири признанија а признанија добија и двајца судии.
Во категоријата „сениори“ признание доби Расул Шапиев додека на сестрите Славица и Стојана Митева, и Даријан Павлев признанија им беа врачени за постигнатите резултати во категоријата „У-15“.
Признанија им беа доделени и на Гоце Ангелов и Игор Христов за посебен придонес во борењето за 2023 година.
Во машка конкуренција за најдобар клуб со освоени 322 бодови е прогласен БК „Лирија“ од Скопје, пред БК„Балканец 2008“ – Штип (275 бода) и БК „Бучим“ – Радовиш (225 бода). Екипата на БК „Спартак“ од Кочани во конкуренција на 20 клубови во Македонија се пласираше на одличното 7-мо место со освоени 50 бодови.
Во женска конкуренција најдобар клуб за 2023 година е прогласен „7-ми Мај“ – прилеп, пред „Вардар 1961“ – Скопје и „Бучим шампиони“ – Конче.
Наградите им ги врачи Претседателот на Боречката Федерација на Македонија Дејан Богданов.
Признанија за посебен придонес во борењето за 2023 година им беа доделени на електронските портали „Гласно“ и „Комарец“ од Кочани на кои признанијата дополнително ќе им бидат врачени во Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ