СТОЛЕ ЕФТИМОВ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО КАТЕГОРИЈАТА ДО 97 КИЛОГРАМИ

Во Спорт
јануари 21, 2023
1 минути

Некогашниот борач на „Спартак“ од Кочани Столе Ефтимов кој моментно ги брани боите на „Балканец“ од Штип стана државен првак во категоријата до 97 килограми.

Ефтимов на денешното Изборно првенство што се одржа во Скопје имаше импресивен настап, од трите борби што ги имаше извојува исто толку убедливи победи и се закити со златниот медал.

Со освојување на првото место во својата категорија Столе Ефтимов си обезбеди место во Репрезентацијата на Македонија.

С.  Ивановски