ЛИШЕН ОД СЛОБОДА БИДЕЈЌИ УСМРТИЛ КУЧЕ

јануари 5, 2022
1 минути

На 04.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ј.М.(64) од Кочани бидејќи околу 12.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа на место викано „Копачите“, атар на Кочани, со ловечка пушка усмртил куче. Ловечката пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм била одземена, а увид извршила екипа од ОВР Кочани во присуство на ветеринарен лекар.

По документирање на случајот против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР – Штип