ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

јули 8, 2022
1 минути

По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, испрати честитка до верниците од муслиманска вероисповед, во која се вели:

-Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам, од мое лично име и од името на општинската администрација упатувам искрени честитки до сите верници од исламската вероисповед.

Овој празник не потсетува дека со помагањето едни на други го зајакнуваме меѓучовечкото разбирање, соживотот и градиме поубава иднина и општина.

Ви посакувам овој голем празник да Ви донесе среќа, радост, љубов и внатрешен мир – стои во честитката од градоначалникот.

Општина  Кочани