Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Балканец“ денес во Штип се одржа „Државното првенство во борење за сениори“.
Околу сто борачи од екипите на Спартак, Балканец, Бучим., Лирија, Вардар, Чаир, 7. Мај, Неготино и Шкупи се појавија на душекот. Борачите на „Спартак“ на првенството настапија со 12 борачи кои на крајот освоија седум медали од кои: 2 сребрени и 5 бронзени.
Расул Шапиев во категоријата до 86 килограми и Леон Трајков во категоријата до 92 килограми ги освоија сребрените медали, додека со бронза се закитија: Драган Глигоров до 57 килограми, Дамјан Крстов до 61 килограм, Горан Терзиски до 92 килограми, Столе Ефтимов до 97 килограми и Ненад Јанкулов до 125 килограми. Благој Тасевски, Ненад Максимов, Зоран Митев, Ефтим Стоименов и Илчо Веселинов останаа без пласман.
Во екипна конкуренција првото место го освоија борачите на „Лирија“, пред воропласираниот „Балканец“ и третопласираниот „Вардар“. Борачите на „Спартак“ во екипна конкуренција се пласираа на четвртото место.
Освем борачите, кочанската експедиција во Штип ја сочинуваа и тренерите Иван Јанев и Зоран Сребренов, како и судиите Игор Христов и Гоце Ангелов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ