На 02.04.2024 во ОВР-Кочани, В.Т.(54) од Кочани пријавила дека на 01.04.2024 околу 12.00 часот на ул.„Партизанска во Кочани И.Н. и Р.Н. физички го нападнале нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.04.2024 во 18.00 часот полициски службеници од ОВР Кочани на ул.,,Стамен Манов“ во Кочани, во контејнер кај фабриката за вода пронашле 4 кутии со 54 патрони за ловечка пушка. Се работи на расчистување на случајот.
Соопштение на СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ