Посебна радост на Денот на книжевноста за деца, што на отворањето на Фестивалот на децата, книгите и музиката во Библиотека „Искра“ ја претставив „Другарче“ од Питер Колвајк, во издание на „Антолог“ – Книжевен центар.
Затоа што оваа книга за деца и за возрасни ќе поттикне да размислиме колку вистински ја остваруваме сопствената животна мисија. Затоа што оваа книга поттикнува и да се запрашаме колку вистински имаме време за блиските, за најмилите. Затоа што оваа книга поттикнува на промени…
Затоа и завршува со оние што немаат време, многу се зафатени и со оние што сепак наоѓаат време, затоа што ја научиле лекцијата и затоа што сфатиле дека копнежот и фатанзијата не значат незрелост, туку чување на своето Јас во себеси.
Дали фантазијата е само она што е невозможно и несекојдневно или пак може да биде и проекција на она што е возможно и остварливо, ама што му недостига на детето? Дали фантазијата може да биде и остварен копнеж по она што на детето му е потребно за според него среќно детство, а коешто го нема во своето окружување? Дали сето она што е во фантазијата мора да биде неостварливо?
Ова другарче е она коешто ни недостига на сите..
Библиотека „Искра“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ