ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ СЕГА, ЗА ДА МОЖАТ ДА НИ ВРАТАТ ВО ИДНИНА!!!

мај 5, 2023
1 минути

После пет години историјата се повторува, тимот „MAKBOT PIONEERS“ повторно оди на светско.

Да ги поддржиме заеднички на натпреварот по роботика „FIRST LEGO LEAGUE“ за достојно да ја претстават нашата држава на светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Мароко од 16-22 мај 2023г.

Ние како училиште немаме доволно сретства да го организираме целото патување на учениците, со тешки напори заедно со Општина Кочани,бизнис секторот во нашата општина и родителите ги собравме поголемиот дел од сретствата.

За да можат нашите ученици да учествуваат на овој натпревар ни се потребни уште 150.000 денари и затоа ги повукуваме сите грагани и стопанственици од Општина Кочани да земат учество во вечерашната „Донаторска вечер“ која ја организираме во „Пролет бар“ се со цел да и помогнеме на нашите ученици.

Со досега собраните сретства е платено сместувањето и контизацијата, дел од авионските билети а вчера официјално ги добивме и визите за патување во Кралството Мароко.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ