ЧИТАТЕЛИТЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД ИЗРАБОТКАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

октомври 6, 2022
0 минути

Текстот под наслов „Преставен проектот на ООУ „Никола Карев“ за подобрување на условите за работа“ предизвика низа позитивни реакции и голема читаност.

Инспирирани од огромната читаност на овој текст во кој читателите се воодушевени од изработката на самиот проект, побаравме информација за авторот на проектот.

Дознаваме дека станува збор за Дарко Арсов некогашен ученик во ООУ „Никола Карев“ сега дипломиран инженер по професија, кој го има изработено во 3Д видео запис.  Во проектот се опфатени целосното уредување на училишниот двор со спортски терени, детско игралиште, зеленило и хортикултурно уредување.

Инаку Дарко Арсов проектот го има изработено бесплатно.

С. Ивановски