На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување.
Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци.
Надлежните служби од Општина Кочани повикуваат сите да придонесеме за хигиената во детските игралишта.
Загрижувачка е и појавата на оштетување на урбаната опрема. Општина Кочани предупредува дека кон лицата коишто ќе бидат регистрирани дека ги уништуваат урбаната опрема и детските реквизити, ќе бидат преземани соодветни законски мерки.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ