ДЕЧИЊА ОД ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ ВО ПОСЕТА НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

април 20, 2023
1 минути

Во текот на вчерашниот ден дечиња од Детска градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани беа во посета на ООУ „Никола Карев“ каде во разговор со вработените од училиштето беа запознаени со самото училиште и условите кои ги нуди истото.

„Вчера имавме чест гости во нашето училиште да ни бидат дечињата од детската градинка ЈГДУ ,,Павлина Велјанова”-Кочани. Преку интерактивни работилници, детски полигони и станици со физичка активност, до работилници во училишната медијатека и посета на целодневниот престој, заедно со нашите вредни наставнички, тие се запознаа со самото училиште и условите кои ги нудиме на самите ученици. На дечињата им беа доделени скромни поклони, а наш најголем поклон беа детските насмевки и задоволството на нивните лица од настаните во кои тие беа вклучени заедно со нивните идни соученици. Благодарност до вработените и раководителката на детската градинка ЈГДУ,,Павлина Велјанова”-Кочани за соработката со нашето училиште“ изјави Александар Андов – директор  на ООУ ,,Никола Карев”-Кочани.