ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИО „ЛАСТОВИЦА“ МУ СЕ ПОКЛОНИ НА ВЕЛИКАНОТ

април 27, 2022
0 min read

Делегација од 10 извидници денес го претставуваше ИО „Ластовица“ од Кочани на свечениот настан по повод 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Никола Карев. Настанот се случи во М.В. Свиланово, во близина на селото Рајчани на падините на Осоговските Планини, во меморијалниот парк посветен на Карев.

Извидниците својот марш го започнаа од манастирот „Св. Пантелејмон“ во селото Пантелеј и се движеа по стариот пат кон Свиланово, за потоа по кружна патека да се вратат во манастирот. Целата маршрута имаше должина околу 17 км. Во двата правци за што им беа потребни околу 5 часа пешачење.

С.  Ивановски