Денес се одиграа натпреварите од 21-то коло во Втората Фудбалска Лига, кое по трагедијата во Кочани каде 59 млади луѓе го загубија животот во мистериозната дискотека „Пулс“, ФФМ го помести за денот по жалоста.
Со головите на Владимир Жоглев во 4’ и 60’ и на Кристијан Ристовски во 56’ од пенал „Осогово“ како гостин го совлада домаќинот „Борец“ во Велес со резултат 3:1 (1:0) а играчите на кочанскиот второлигаш победата им ја посветија на трагично загубените млади животи.
Резултати од 21-то коло:
Борец – Осогово 1:3
Башкими – Вардар 5:2
Охрид – Победа 0:0
Беласица – Новаци 3:0
Аресими – Каменица Саса 4:1
Македонија ГП – Вардарски 4:0
Брегалница – Скопје 1:1
Детонит Плачковица – Кожуф 1:1
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ