ВО НЕДЕЛА, ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК – 04 КОЛО

Во Спорт
септември 30, 2022
1 минути

Во недела со  почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 4. коло во Трета Фудбалска Лига – исток.

Екипата на „Осогово“ иако пред почетокот на првенството важеше за главен фаворит за освојување на првото место, сепак настапот на гостински терен во второто коло покажа дека и другите екипи се организирани и дека патот за највисокото место во лигата ќе биде тежок.

Веќе во Недела „жетварите“ се пред нов предизвик, и гостуваат на екипата на „Спартмани“ која особено на домашен терен игра добар и ефикасен фудбал. Доколку се сака со кренати глави да се вратат играчите на „Осогово“ во Кочани ќе мора да го дадат максимумот на „жешкиот“ терен во село Горно Балдовци.

Во Чешиново гостува екипата на „Карбинци“ предводена од тренерот и играч Мирче Натков.

Двојки за 4. коло:

„Спартмани“ – „Осогово“

„Брегалница“ (Д) – „Победа“ (В)

„Малеш“ – „Тиверија“

„Дојранско езеро“ – „Вардарски“

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Карбинци“

„Овче Поле“ – „Рудар“.

С. Ивановски