ДЕВОЈЧИЊАТА ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ОД КОЧАНИ СЕ ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ ВО ФУДБАЛ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Во Спорт
мај 29, 2024
1 минути

Девојчињата од ООУ „Никола Карев“ од Кочани се Државни шампиони во фудбал за основните училишта. Овој успех денес го остварија во Крива Паланка каде Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија го организираше финалниот дел а технички организатор беше Сојузот на училишен спорт на Крива Паланка.

На завршниот дел освен ООУ „Никола Карев“ од Кочани се најдоа и основните училишта: „Христијан Тодоровски Карпош“ (Ранковце – Крива Паланка), „Гоце Делчев“ (Прилеп) и „Браќа Миладиновци“ (Илинден – Скопје).

Резултати од полуфиналните натпревари:

„Никола Карев“ – „Христијан Тодоровски Карпош“  3:1

„Гоце Делчев“ – „Браќа Миладиновци“  3:0

Во финалниот натпревар екипата на „Никола Карев“ ја совлада екипата на „Гоце Делчев“ со 2:1  дури по изведувањето на пенали, откако резултатот во регуларниот дел заврши 0:0.

Во малото финале победник е екипата на „Христијан Тодоровски Карпош“ која исто така на пенали ја совлада екипата на „Браќа Миладиновци“ со 2:1, а резултатот во регуларниот дел заврши 0:0.

Честитки за сите оние кои учествуваа во овој проект на ООУ „Никола Карев“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ