ПРВОТО КОЛО ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ОДЛОЖЕНО

Во Спорт
август 10, 2022
0 минути

Комисијата за натпреварување при Фудбалската Федерација на Македонија денес ги одложи натпреварите од првото коло во Втората Фудбалска Лига чиј старт беше закажан за во Сабота (13 Август) со почеток во 17:00 часот.

Причините зошто е одложено првото коло не се наведени, но се дознава дека тие се од бизерен карактер, имено до предвидениот рок (денес) само 5 од 16 второлигаши ја имаат уплатено котизацијата која за целата сезона изнесува 8.000 Евра.

За да бруката биде поголема речиси ниту една од екипите аспиранти за највисок пласман ја немаат уплатено котизацијата.

Единствено дознавме дека „Слога 1934“ од Виница е првиот клуб што ја уплатил котизацијата.

Второлигашките натпревари доколку сите клубови ја регулираат уплатата на котизацијата ќе започнат следната сабота (20 Август) кога на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло. Но дали и тогаш се ќе биде се според прописите ќе почекаме.

Сепак знаејќи како функционира ФФМ многу опции се во игра.

С. Ивановски