НАЈАВА НА ЛИКОВНИ-ЛИТЕРАТУРНИ РАБОТИЛНИЦИ „ДЕЦАТА ВО СВЕТОТ НА КНИГИТЕ“

мај 29, 2024
1 минути

Почитувани,

Во пресрет на 1 јуни, Светскиот ден на детето, утре 31 мај 2024 година (четврток), ЈОУ Библиотека „Искра“ во Оризари и во Кочани,  организира две ликовно-литературни работилници под мотото „Децата во светот на книгите“.

-Работилницата во Оризари ќе започне околу 9: 30 часот,  во соработка со ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, во училишната библиотека, со учество на ученици и роднокрајната авторка Ленче Стоименова.

– Работилницата во Кочани ќе започне во 11:30 часот, во библиотеката со учество на ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, ООУ „Никола Карев“ – Кочани, корисници на Дневниот центар при ЈУМ Центар за социјални грижи – Кочани и членови на УСК „Берни-спорт“ при ООУ „Никола Карев“ – Кочани, а работилницата ќе ја водат менторите Марија Мицова Гацова и Радмила Едровска.

Вие, медиумите ако Ви одговара на двете работилници може да дојдете отприлика половина час покасно од закажаниот трермин, за да присуствувате и да доловите дел од работната атмосфера и ангажираноста на децата.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ