ДО КОГА ЌЕ СЕ ЧЕКА ЗА ДА СЕ СТАВЕ КРАЈ СО ПРОБЛЕМОТ ОД ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА?

мај 26, 2024
0 min read

Во текот на вчерашниот а и денешниот ден проблемот со „Градската депонија“ продолжува. Како што ни јавуваат наши читатели таа и понатака испушта густ чад со непријатна миризба но за жал и сметот околу депонијата се повеќе го има.

Според наши сознанија депонијата многу често намерно се запалува а причина е човечкиот фактор, на депонијата наоколу има се повеќе смет кој овде неконтролирано се исфрла и од други општини.

Како прво и основно од самата депонија некој ќе треба да ја отстапни дивоградбата бидејќи истата е подигнато на простор кој му припаѓа на КЈП „Водовод“,  како второ некој треба од општината да се одважи и да забрани да се истовара смет (повеќе е на патот отколку на депонијата) од други општини.

За да сето ова се среди дали е потребно да се повторно организираат протести од еколошките друштва и од самото население па да сето ова стане минато?

Ако против „Пајпер мил“ дел од населението протестираше, ако жителите од село Бели пред неколку години против овие проблемите со депонијата го блокираа патот кон „Пониква“ и сето тоа имаше позитивен ефект, сега се поставува прашањето „каде се тие истите да излезат и да бараат одговор на овие прашања“?

Време е некој конечно да каже  СТОП на сето она што на обичниот граѓанин му прави проблем околу загадувањето со воздухот и околината.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ