ДОБАР РЕЗУЛТАТ ЗА ДГС „КОЧАНИ“ НА ПРВИОТ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР

Во Спорт
мај 29, 2022
1 минути

За време на викендот Битола беше домаќин на Првиот Државен натпревар во гимнастика за момчиња и девојчиња во „А“ и „Б“ лигата..

Гимнастичкиот клуб од Кочани имаше забележителен настап, освоени се вкупно девет медали од кои 2 златни, 4 сребрени и 1 бронзен во поединечна конкуренција кај момчињата, односно 2 сребрени во екипна конкуренција кај девојчињата.

Прво место:

Матеј Постолов  – постари пионери (А – лига)

Андреј Јованов – јуниори (Б – лига)

Второ место:

Лука Естатиевски – помлади пионери (А – лига)

Димитриј Спасов – јуниори (А – лига)

Ристе Симеонов – сениори (А – лига)

Филип Иванов – сениори (Б – лига)

Трето место:

Мартин Андонов – јуниори (А – лига)

Категориите „Помлади пионерки“ и „Постари пионерки“ во екипна конкуренција завршија како втори

„Задоволни сме од настапот на нашите гимнастичари. Конкуренцијата беше мошне сина но освоените медали се наградата за сите што работиме во кочанската гимнастика. Освоивме седум медали во поединечна и два во екипна конкуренција а со малку поголема концентрација во завршницата на вежбите можевме и уште некој медал повеќе да освоиме. Но сепак кога се ќе се собере задоволни сме од она што го покажавме во Битола. Одиме понатака“ беше изјавата на Радмила Станчева Анастасовска тренер во ДГС „Кочани“.

С. Ивановски