ЧЕТИРИ ОД ЧЕТИРИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“

Во Спорт
ноември 20, 2022
1 минути

Во организација на Карате Клуб „фати“ од Тетово и Карате Федерацијата на Северна Македонија во Тетово се одржа 19-титот Меѓународен карате турнир „Тетово Опен 2022“ за деца, кадети, јуниори и сениори.

Каратистите на „Кочани“ на турнирот учествуваа со четири натпреварувачи кои освоија четири медали, сите бронзени.

Наталија Карова – јуниорки до 48 килограми, Лука Горгиев (2009) – помали кадети до 45 килограми, Иван Арсов – кадети до 70 килограми и Петар Николов – јуниори до 76 килограми се носители на освоените медали.

„Задоволни сме од она што го прикажаа нашите натпреварувачи. Турнирот беше силен на кој имаше навистина одлично подготвени натпреварувачи. Ние продолжуваме по нашиот план за работа и одиме во нови натпревари со нови победи“ рече Игор каров Тренер на Карате Клуб „Кочани“ од Кочани.

На турнирот освен натпреварувачи од Македонија присуствуваа и од Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција.

С.  Ивановски