ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД РАСПИШАНИОТ КОНКУРС „АФКО 2023“

март 27, 2023
1 минути

Жирито во состав Јане Атанасов – претседател, Иван Котев и м–р Доне Донев, членови за оценување на пристигнатите афоризми на Конкурсот на „АФКО 2023“, на седницата одржана онлајн на 24 и 25 март 2023 година ги разгледа авторските сетови (со по 10 афоризми) на тема ДОВЕРБА и ја донесе следнава:

ОДЛУКА

Првата награда му се доделува на Ацо Ѓорѓиев од Струмица, Втората награда му се доделува на Ристо Филчевски од Струмица и Третата награда й се доделува на Ружа Стојмилова од Кочани. Највисоки оцени од жирито, после наградените, добија афоризмите на: Љубинка Донева, Тања Аждаја – Павлеска и Марјан Анѓеловски. На овие автори жирито им доделува Пофалници.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

На конкурсот, што го распиша ЗГ Афористичка репрезентација на Македонија, на тема ДОВЕРБА, пристигнаа 27 пратки со по 10 афоризми од 24 автори. Од нив двајца се изјасниле дека учествуваат вон кнкуренција и нивните афоризми не беа оценувани. Квалитетот на останатите афоризми, кои се бореа за наградите, варираше. Сепак се издвои една прилично голема група на автори чии афоризми заслужуваа награда. Но, бидејќи организаторот доделува само три награди, жирито предлага да се доделат и три пофалници на афоризмите на кои за малку им побегна наградата. Имињата на авторите на тие афоризми се наведени погоре.

Жирито им се заблагодарува на сите автори кои испратие свои афоризми а на оние кои годинава не добиле награди им посакува да се закитат со некоја од наградите во некоја од наредните години.

Јане Атанасов

Претседател на жирито

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ