ОДИГРАН ХУМАНИТАРЕН КОШАРЛАРСКИ НАТПРЕВАР „УЧЕНЦИ“ – „ПРОФЕСОРИ“

декември 1, 2023
1 минути

Во спортската сала „Сашо лазаров – чапо“ се одигра најавениот хуманитарен кошаркарски натпревар под покровителство на СОУ !Љупчо Сантов“ – Кочани, „Ученици“ – Професори“.

Кошарката беше еден од сегментите на целокупната забава, бидејќи освен спортскиот натпревар организаторите приредија и богата културно-забавма програма висполнета со прекрасна музика, хип хоп, како и лотарија во која беше вклучена и публиката.

Годинава поуспешни беа учениците кои ги совладаа своите претпоставени со резултат 50:44.

Инаку за прв пат еден ваков кошаркарски натпревар беше организиран сега веќе далечната 2008 година помеѓу учениците и професорите од истото училиште.

Голема благодарност до Бојан Поповски за отстапените фотографии

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ