ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО НА ОРЦЕ НИКОЛОВ „НАЈДОБАР ВО ЕКОЛОГИЈАТА ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН ЗА 2020 ГОДИНА“

декември 2, 2021
1 минути

Уредниците на порталите „Glasno.mk“ и „komarec.com.mk“ вечерва му го врачија признанието на Орце Николов кое годинава му го додели Регионалниот актив на новинари ИСТОК – Штип во склоп на манифестацијата „Најдоброто од Истокот за 2020 година“.

Церемонијата на свеченото доделување на сите признанија се одржа во месец Август оваа година, но поради оправдани причини Орце Николов отсуствуваше од манифестацијата па сепак вечерва она што новинарите од истокот му го доделија му беше врачено.

Признанието на Орце Николов член на Здружението на граѓани „Одбор за здрав живот“ – Кочани му беше доделено во категоријата „Најдобар во екологијата во Источниот Регион за 2020 година“.

По примањето на признанието Николов изјави дека ова признание за него е нешто посебно и претставува нов уште поголем потстрек во борбата за зачувување на чиста животна средина.

С. Ивановски