Денес го затвораме и последниот лист од романот „2021“ година.
До заминувањето на годината остануваат уште неколку часа. Годината што ќе ја испратиме секој различно ја има почувствувано, односно на некој му донела на друг му одзела, но како и секогаш има и добитници но за жал и губитници.
Сепак кога ќе направиме една ретроспектива кои беа најуспешните во 2021 година, според бројот на читаноста на текстовите на порталот како херои на годината 2021 се луѓето од ТППЕ – Кочани.
Само тие знаат низ се што поминаа, особено во последните денови од месец Јули, односно првите денови на месец Август. Успеаја со својата професионалност да спасат од огнените стихии многу објекти, многу имоти, многу домови, го спасија Кочани.
Рака на срце ништо не заостануваат и се рамо до рамо до нив и вработените во здравството и во фармацевтската индустрија.
Утредента кога ќе се разбудиме само би посакале годината во која само што сме влегле да биде поуспешна и тоа многу повеќе од сега веќе изминатата 2021 година.
С. Ивановски