Денес додека делегација на „Титовите сили“ од Кочани како единствена од сите други делегации положуваше цвеќе и на споменикот на Никола Карев во „Паркот на Револуцијата“ една непријатност го привлекуваше вниманието.
Имено некој или некои „баметни“ жители од градот се погрижиле да го унакажат споменикот со нешто што не беше пријатно за гледање.
Редови и редови, апели и апели, имаме упатувано кон надлежните дека е крајно време за почеток во Централното градско подрачје каде фреквенцијата на луѓе е голема да бидат поставени надзорми камери.
Оправањето дека со тоа на некого ќе му биде повредена приватноста или според други дека општината нема средства тоа да го финансира не држат.
Ако има пари за друго, има сигурно и за камери, во спротивно ќе се случуваат вакви а и пострашни нешта кога „ноќните птици“ ќе бидат на улицата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ