ПОЛИЦИЈАТА МУ ЗАПЛЕНИЛА И КОЛАТА И ДРВАТА ЗА КОИ НЕМАЛ ДОКУМЕНТАЦИЈА

декември 10, 2021
0 минути

На 09.12.2021 во 19.40 часот на ул.„9–ти Мај“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани, при контрола на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од О.Е.(39) од с. Драгобраште, пронашле дрва без соодветна документација.

Возилото и дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневен билтен на СВР штип