ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА СЕНИОРИ, „ЛИРИЈА“ ШАМПИОН „СПАРТАК“ ЧЕТВРТИ

јуни 11, 2023
0 min read

Кочани денес беше центар на борењето во Македонија. Во спортската сала при ООУ „Никола Карев“ денес се одржа Државното првенство во борење за сениори слободен стил. На првенството зедоа учество 70 борачи од 12 клубови од Македонија.

Екипата на „Спартак“ настапи со шест борачи кои на крајот освоија едно прво место, едно второ а останатите четири  борачи се пласираа на петтата позиција.

Расул Шапиев го освои првото место во категоријата до 79 килограми, Леон Трајанов беше втор во категоријата до 92 килограми, додека Дамјан Крстов, Илчо Веселинов, Александар Павлев и Горан Терзиски беа петти.

Во екипен пласман воедно и титулата Државен првак во сениорска конкуренција ја освои екипата на „Лирија“ пред „Балканец“ и „Вардар“. Техничкиот организатор на првенството „Спартак“ и „Бучим“  завршија со исти број на поени но кочанчани се пласираа на четвртото место поради освоено едно прво место во поединечна конкуренција (Расул Шапиев).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ