БОРЕЊЕ, ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ – СТОЛЕ ЕФТИМОВ ПРВ ВО КАТЕГОРИЈАТА ДО 97 КИЛОГРАМИ

Во Спорт
јуни 11, 2023
0 минути

Столе Ефтимов, некогашен борач на „Спартак“ од Кочани кој моментно ги брани боите на повеќекратниот шампион на Македонија „Балканец“ од Штип, денес во неговиот роден град Кочани кој беше домаќин на Државното првенство на Македонија за сениори – момчиња и девојчиња , слободен стил во категоријата до 97 килограми го освои првото место.

„После повеќе од една деценија се одржа државно првенство во борење слободен стил во сениорска конкуренција. Се натпреварував во категоријата до 97 килограми за боречкиот клуб Балканец од Штип и го освоив првото место. Но не застанувам овде, сега ме очекуваат подготовките за претстојната серија меѓународни турнири и за претстојната лига натпревари на кои ќе настапам со мојот нов клуб во Германија. Освоеното прво место што го освои денес многу ми значи, бидејќи го освоив во мојот роден град но истовремено обезбедив и сигурно учество на претстојното Светско првенство“ веднаш по прогласувањето ни изјави Столе Ефтимов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ